Експозицијата Хералдиката во Македонија најнова во рамките на Одделот за историја - беше отворена на 12 март 2009 година.
Во рамките на оваа поставка се презентирани бројни македонски земски грбови од разни грбовници, како и хералдички ознаки на револуционерни знамиња и на неколку други музејски предмети - прстени и пехар.
Значаен е фактот што за првпат е претставен релјефен приказ на најстариот досега познат македонски земски грб од Лондонскиот грбовник.
Прикажани се и неколку ликовни претстави на дел од земските грбови, и е дадена реконструкција на еден грбовник.
Презентацијата е реализирана со научна и стручна соработка со Македонското хералдичко здружение, особено со неговиот претседател м-р Јован Јоновски (www.heraldika.org.mk/MKHerald).
Музејскиот концепт е на Драган Георгиев, раководител на Историскиот оддел и виш кустос во Музејот на Македонија и донесува повеќе визуелни решенија за достигнување на наративноста, сугестијата и дидактичноста на поставката.
Драган Георгиев, виш кустос, e-mail: dragangeorgiev@hotmail.com
Фотогалерија















