Периодот на НОВ во Македонија (1941-1944) се совпаѓа со времето на Втората светска војна, кога територијата била окупирана од бугарски и италијански воени и државни власти, поддржани од нацистичка Германија. Македонскиот народ се вклучил во борбата против окупаторот со организирање на партизански одреди и ја извојувал својата победа за создавање на сопствена држава.
Музејскиот материјал се состои од фототека на фотографии на борци - учесници во НОБ; Фонд на воени институции (партизански одреди,

баталјони, бригади, дивизии и корпуси); Фонд на политички организации (Народноослободителни одбори, народна власт, советувања, конгреси и заседанија). Фонд на воени операции (походи и офанзиви); Фонд на слободни територии.
Од овој период во збирката е застапено оружјето (пиштоли, револвери, ками, бајонети, бомби, чаури), како и друга воена опрема (реденици, шлемови, униформи, кожни торби и чизми).
Документите од збирката опфаќаат воени географски карти, сведоштва, дописи, благодарници.
Изложени се и реконструкции на знамиња од воените формации, како и одликувања (ордени, медалји, значки и плакети).
Збирката поседува и фотографии, предмети, документи и сведоштва за Егејскиот дел на Македонија во НОБ (1941-1944) и за Граѓанската војна во Грција (1945-1949).
Марица Јовановска, кустос советник
фотогалерија















