Збирката од овој период располага со фотографии, документи и предмети кои зборуваат за времето кога Македонија е распарчена помеѓу Србија, Бугарија, Грција и Албанија и будењето на националната свест преку формирање на разни друштва, партиски, спортски и културно-просветни.
Носители на овие идеи се напредни младинци и студенти кои подоцна во Втората светска војна ги дадоа своите животи за ослободување од фашизмот и за создавање на држава на македонскиот народ, Коле Неделковски, Кузман Јосифовски, Коста Рацин, Страшо Пинџур, Борко Талески, Никола Вапцаров, Лазо Трповски, Боро Менков и многу други познати и помалку познати борци за слобода.
Историскиот оддел располага и со збирка од околу 160 оригинални уметнички дела: слики, скулптури и карикатури од познати македонски автори: Лазар Личеноски, Димитар Пандиловски, Љубомир Белогаски, Томо Владимирски, Вангел Коџоман, Борко Лазески, Вангел Наумовски, Василие Поповиќ-Цицо, Родољуб Анастасов и други.
Збирката содржи и поштенски марки, значки, стари пари, знамиња и др.
Илија Цурев, кустос e-mail:
This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
фотогалерија















