Национално-револуционерно движење

E-mail Print PDF
There are no translations available.

0-istorija.gif

Збирката на македонското национално-револуционерно движење го опфаќа периодот од крајот на XIX век и почетокот на XX век, со посебен акцент на Илинденското востание од 2 август 1903 година.

Музејскиот материјал од збирката Илинден открива една нова светлина во историјата на македонскиот народ и неговата борба за извојување на национална слобода.

Збирката содржи фотографии од македонски револуционери, портрети и групни фотографии на чети, како и разгледници од повеќе македонски градови.

Оружје: пушки од марките „мартинка", „шишана",„карабин",„рашак", „чибуклија", „каранфилка", „рога", „џефердан" и др.; пиштоли марка „нагант револвер", и др.; кубури; ладно оружје: јатагани од марката „црнопасец", сабји, бодежи, ножеви и ками кои со своето уметничко совршенство зачудуваат и восхитуваат; метални арбии за набивање на барут во пушките и кубурите, фишеклии, метални (месингани) и богато рељефно орнаментирани кутии кои служеле за чување на барутот.
Во збирката се застапени и зејтилници (месингани метални кутии во кои се чувало масло за подмачкување на оружјето); бастуни, совршено изработени од два дела (футрола - плетена, дрвена, кожена или со разнобојни монистра и метален бодеж); метална преса на која Гоце Делчев со соборците фалсификувале турски пари (бели меџидии) за купување на оружје за востаниците; калапи за леење куршуми; комитска облека.

Тука е и славното „црешово топче", синоним за почетокот на Илинденското востание, потоа пранги во кои биле оковувани македонските револуционери, двогледи на војводите и позначајните револуционери, знамиња на чети и занаетчиски еснафи (оргинали и репродукции).

gjorce_petrov-spomeni.gifЗбирката содржи и предмети во лична сопственост на познати македонски револуционери, Ѓорче Петров, Јане Сандански и др. (очила, часовници, колани, ќостеци, ками); спомен-плакети на Илинденци; оргинали и копии од печати и отисоци од печати на регионални и околиски комитети (охридски, кумановски, битолски, ениџевардарски, тиквешки и др.); стаклени шишиња везени со монистра, колани, бастуни, ќостеци, изработувани од македонски револуционери кои биле затвотени во Солун во Беас Куле и во малоазиските затвори.

Значајно место во збирката имаат и документи (писма, поштенски картички и преписки од познати револуционери - Ѓорче Петров, Димитар Беровски и др.); факсимили од весници издавани и уредувани од македонски интелектуалци и револуционери (Петар Поп Арсов, Даме Груев, Ѓорче Петров, Димо Хаџидимов и др.); таблоа на македонско-одрински револуционери; шифрирани писма од Револуционерната организација, како и шеми и планови за организација на Илинденското востание.

Славка Петровска, кустос советник
М-р Мирјана Нинчовска, виш кустос, e-mail: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

 
Banner

Events

January 2012 February 2012 March 2012
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29