Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4 /* Style Definitions */ table.MsoNormalTable {mso-style-name:"Table Normal"; mso-tstyle-rowband-size:0; mso-tstyle-colband-size:0; mso-style-noshow:yes; mso-style-parent:""; mso-padding-alt:0cm 5.4pt 0cm 5.4pt; mso-para-margin:0cm; mso-para-margin-bottom:.0001pt; mso-pagination:widow-orphan; font-size:10.0pt; font-family:"Times New Roman"; mso-ansi-language:#0400; mso-fareast-language:#0400; mso-bidi-language:#0400;}
Галеријата на икони во Музејот на Македонија во Скопје е најбогатата од тој вид во Република Македонија. Содржи над 400 икони кои потекнуваат од почетокот на XIV до средината на XX век.

Во постојаната изложбена Галерија на икони, со стотина примероци се презентира само дел од колекцијата на Музејот на Македонија, што го претставува нејзиното јадро од најстари, најтипични и најрепрезентативни примероци на своето време.
Според хронолошката застапеност на иконите, колекцијата може да се нарече поствизантиска и доцносредновековна.
Таа овозможува да се добие јасна претстава за различните периоди во сликарството и резбата, за различните форми на иконата во зависност од нејзината функција и за зографските работилници, односно за непрекинатата и витална присутност на религиозната слика во православното секојдневие.
Од првата четвртина на XIV век потекнува иконата на Богородица Одигитрија, сликана во ателјето на познатите солунски зографи Михаил и Евтихиј.
Иконата на Исус Христос Спасител и Животодавец е сликана во 1394 г. од зографот митрополит Јован. Неговиот брат, јеромонахот Макариј ја сликал познатата икона на Богородица Пелагонитиса во 1422 г. Двете икони му припаѓале на иконостасот во манастирот Зрзе кај Прилеп.
Од поствизантискиот период за издвојување е група дела од околу 1535 година од манастирот Слепче во Демир Хисар, сликани во ателјето на зографот Јован од Грамоста кај Костур. Прекрасни примероци на иконостасни крстови од XVI век се крстот од манастирот Слепче, кој е сликан во ателјето на зографот Онуфриј од Аргос, и крстот од 1584 година од Полошкиот манастир на Тиквешкото езеро.
Голем број интересни и квалитетни икони од анонимни зографи потекнуваат од Нерези, Охрид, Курбиново, Струга, Карпино, Македонски Брод, Прилеп и други краишта.
Од XVII век се значајни комплет икони од 1626 година од манастирот Лесново кај Злетово, сликани од анонимни зографи, со многу интересна тематика од житија на светители, циклуси на чуда и црковно химнографски содржини.
Како тематски раритет во иконописот од ова време е претставата на последните Давидови псалми на иконата од Кучевишкиот манастир Св. Архангели.

Иконописот од XVIII век е застапен со повеќе дела од анонимни мајстори, но и со икони од ателјеата на познати зографи како Давид од Селеница или браќата Константин и Атанас, зографи од Корча.
Меѓу иконите од XIX век како најзначајни од првата половина се оние на зографите јереј Петар, Крсте од Велес, Крсте Поп Трајанович, монах Антониј од Битолско и други. Од средината на векот најмаркантна зографска личност е Димитар Крстевич - Дичо од Тресонче, од чија огромна продукција во нашата колекција има десетина икони меѓу кои е и познатата претстава на Седмочислениците од 1862 година.
Од претставниците на последните зографи и првите сликари на профаното сликарство во Македонија, во колекцијата се наоѓаат повеќе дела на Димитрија Андонов Папрадишки кои датираат од крајот на XIX до средината на XX век.
Д-р Викторија Поповска Коробар, кустос советник e-mail:
This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
фотогалерија















