Збирката на народни музички инструменти во Етнолошкиот оддел брои вкупно 111 предмети. Сите инструменти се рачно изработени од самите свирачи или од занаетчиите кои произведуваат народни музички инструменти.
Од фабричко производство во збирката има само два предмети (флејта и кларинет).

Збирката на народни музички инструменти е класифицирана според општоприфатената систематизација во основните групи: идиофони, мембранофони, кордофони и аерофони.
Народните музички инструменти во збирката на Музејот на Македонија се дојдени по пат на откуп и подарок.
Сл. лево: тапан, Дебар
Сл. десно: двојанка, Делчево
м-р Владимир Боцев, кустос советник, e-mail: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
фотогалерија















