Палеолит

E-mail Print PDF
There are no translations available.

neolit.jpgПалеолитот (старо камено време) го опфаќа периодот од 650.000 до 10.000 години пр.н.е.
Првите случајни наоди од старо камено време потекнуваат од
Југозападна Македонија, од регионот на Пелагонија (селата Буково и Крст кај Битола). Тоа се две камени орудија од кварцит и кварц. Овие артефакти не се наоѓаат во нашата земја и за нив немаме сигурни податоци, а широко се определени во ашелен и мустериен.

При палеонтолошките сондирања во 1955/65 во средниот дел на Македонија во пештерата Макаровец (кај Велес) се откриени пет артефакти несигурно определени во горен палеолит, како и горноплеистоценска фауна потврдена со фосилни остатоци од пештерни мечки (Ursus spelaeus), хиени (Crocutasp.), лав (Panthera sp.), козорог (Capra ibex), волк (Vulpes vulpes), лисица (Canis lupus), коњ (Equus caballus), магаре (Equus xydruntinus). Токму овој локалитет преставува репер во идните први археолошки рекогносцирања насочени кон палеолитот. Во 1998 г. западно од Вардар во клисурата Пешти по течението на реката Бабуна (кај Велес) е извршена проспекција на десет пештери и подкарпи, а за потенцијални преисториски живеалишта се издвоени две локации кои во иднина треба пробно да се сондираат.

Во 1999 г. следат втори рекогносцирања во средниот дел на Западна Македонија во регионот Порече. Евидентирани се 19 пештери и подкарпи по течението на реката Треска. Во пештерата Голема Пешт (кај с. Здуње) е извршено пробно сондирање, при што се потврдени 12 геолошки слоеви, откриени се 236 артефакти, од кои 26 се орудија со отсуство на типични и карактеристични белези за определување во одредена култура или фациес. Преовладуваат ретуширани одбитоци (десет), четири стругала, пет струшки, едно сечило и шест микројадра. Доминантна суровина е кварц и кварцит, а помалку е застапен кременот. Заклучоците за фрагментираниот фаунски материјал, како и физичко-хемиските анализи засега отсуствуваат.

Во 2001 г. активностите се базираа врз убицирање на лежишта богати со силикатни суровини во Јужна и Источна Македонија и ревидирање и проспекција на 13 локации по течението на Црна и на Злетовска Река. Потенцијални живеалишта на отворено не се потврдени, но бидејќи се работи за временски куси проекти, очекуваме нови информации со понатамошните истражувања.

Љиљана Шаламанов Коробар, виш кустос,
e-mail: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

фотогалерија

 
Banner

Events

January 2012 February 2012 March 2012
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29