Бронзеното време го опфаќа периодот 2000-1200 пр.н.е.
Збирката од бронзено време се состои од 200 предмети, од кои 59 се во изложбените сали. Презентираниот материјал кој главно го сочинуваат керамички артефакти, речиси целосно ја покрива територијата на Република Македонија и дава одредена слика за животот на бронзеното време на територијата на нашата земја.
Новите археолошки истражувања на некрополите по долината на р. Вардар Димов Гроб и Водовратски Пат кај Градско, ги откриваат силните врски на нашата територија и развиениот Егејски југ.
Во збирката се застапени предмети од следниве локалитети: Тумба, с. Радобар, Тумба, с. Кравари и Тумба, с. Канино, пелагониско; Прибовце, с. Лопате, На Брег, с. Младо Нагоричане од кумановскиот регион; Св. Недела, с. Асамати, Црквени Ливади, од охридско-преспанскиот регион. По долината на р. Вардар се локалитетите Кофилак кај Гевгелија, Варници и Градиште кај Демир Капија, Димов Гроб и Столот, с. Уланци и Водовратски Пат, с. Водоврати кај Градско; скопските локалитети Кале и Долно Соње, како и Долна Бежанија, с. Криви Дол, штипско.
М-р Златко Видески, виш кустос, e-mail:
This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
фотогалерија















