Византиско-словенски период

E-mail Print PDF
There are no translations available.

vizantiski_copy.gifДоминатен дел од фондот на средновековната археологија на Музејот на Македонија потекнува од археолошкиот комплекс Моробисдон, стекнат со систематски археолошки истражувања во периодот од 1980 до 1999 година.
Моробисдон е името на византискиот град што од IX до XIV в
ек ја носи тежината на политички и економски центар на источната половина од Вардарска Македонија.

Христијанско средиште е уште во V век, и со одредени осцилации низ времето од првата половина на првиот милениум ја обележува црковната историја на Македонија.

Од богатиот истражуван архитектонски потенцијал постојат повеќе ефектни и високо естетски декоративни примероци, како што се керамопластични садови, релјефни иконографски и декоративни елементи, црковен инвентар, елементи од економиката (житна мелница, винска преса), монети.

Особено се истакнуваат византискиот молибдул и турскиот печат како елементи за отсликување на одредени социолошки и економски моменти на тогашниот амбиент, како и најчестиот археолошки материјал кој произлегува од некрополите - накитот, застапен со прекрасни примероци на прочелници, ѓердани од школки, риби и полускапоцени камења и др.

Кирил Трајковски, кустос советник
, e-mail: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

фотогалерија

 
Banner

Events

January 2012 February 2012 March 2012
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29