Доцна антика

E-mail Print PDF
There are no translations available.

rim.jpgДоцноантичката збирка брои вкупно 516 предмети (керамички и стаклени садови, керамички и бронзени светилки, накит, декоративна пластика), кои го опфаќаат периодот од II до IV век. Во постојаната музејска поставка се изложени 184 предмети, карактеристични за втората значајна етапа на Римската империја, кои претставуваат одраз на новата доцноримска култура.

Групата доцноримски керамички садови припаѓаат на категоријата доцноримска тера сигилата, а датирани се во IV век.

Друга група се светилките, особено бронзените, датирани во V век со ранохристијанска симболика.

Посебно значајни се гробните наоди од доцноантичкиот гроб од Таранеш кај Дебар, датиран во IV век. Вонредно богатиот гробен инвентар го сочинуваат стаклената чаша диатрета" од т.н. келнски тип, крстовидна фибула излиена од сурово злато со натпис во ниело техника, богато декорираната сребрена чинија, сребрена кана, две стаклени фиоли.

Мила Шурбаноска , кустос советник

фотогалерија

 
Banner

Events

January 2012 February 2012 March 2012
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29