музејска продавница
 
  Оддели
 
 
  Контакти

Националната установа Музеј на Македонија е еден од најстарите музеи во државата, чии збирки се формирале на почетокот на 20 век. Музејот е од комплексен тип во кој се чува, конзервира, обработува и презентира културно-историското наследство на Македонија од праисторијата до денес, обединувајќи збирки од областа на археологијата, етнологијата, историјата и историјата на уметноста. Со организационата поставеност на Музејот овие области се поделени во одделенија во кои работат специјалисти-археолози, филолози епиграфичари, нумизматичари, антрополози, етнолози, историчари, историчари на уметноста, архитекти, ликовни уметници, конзерватори. Материјалот доаѓа во музејот по пат на истражувања и со откуп. Овде може да се добие стручно мислење за различни видови предмети што се наоѓаат и во приватна сопственост.
Лоциран во Старата скопска чаршија, Музејот на Македонија се простира на повеќе од 10.000 м2, од кои околу 6000 м2 претставуваат континуиран музејски простор за постојани и повремени изложби.
Во рамките на Музејот е и Куршумли-ан, споменик на културата од средината на 16 век, во кој се презентирани камени споменици-лапидариум. Овој прекрасен простор многу често се користи за музички, театарски и изложбени настани во културниот живот на Скопје.
На име на Музејот се водат и музејските збирки во:
- Домот на културата “Драги Тозија”-Ресен;
- Матична библиотека “Искра”-Кочани;
- Домот на културата “25 Мај”-Валандово;
- Спомен соби во с.Битуше, Галичник и Горно Врановци.


Од 10.01.2008.
до 10.03.2008.

© Copyright 2007, Museum of Macedonia, All rigtst recived.
designed & powered by insourcingMk