ОДДЕЛЕНИЕ МУЗЕЈСКА ЕДУКАЦИЈА
Експонатите со културно, историско и уметничко значење, презентирани во музејските поставки, со своите визуелни, тематски и концепциски елементи се добро приспособени кон воспитно-образовната работа на децата од предучилишната возраст, учениците од основните и средните училишта и на хендикепираните лица. Кон ова се вклучуваат многубројните активности од едукативен карактер. Овие активности ги реализира Одделението за едукација (водичите - едукатори) преку осмислени - наменски проекти.
Активностите во овие проекти се заснива на работа во групи во музејски работилници. Предавањата и музејските експонати се теми и инспирација за изразување преку моделирање во глина, цртање во разни техники, ткаење, везење, бојадисување јајца, креирање на костуми, пишување есеи, изработување постери, драматизации и др.
Во секојдневните активности се раѓаат нови идеи и едукативната програма се надополнува со нови проекти.
Симонида Миљковиќ, водич едукатор
Лена Анѓелкоска, водич едукатор, e-mail: lenaangelkoska@yahoo.com
Вангел Штериов ,водич едукатор
Сузана Марковска, водич едукатор
Љупчо Раповски, водич едукатор