Хералдиката во Македонија

Е-пошта Печати PDF

Експозицијата Хералдиката во Македонија најнова во рамките на Одделот за историја - беше отворена на 12 март 2009 година.__.jpg

mak._grb.jpgВо рамките на оваа поставка се презентирани бројни македонски земски грбови од разни грбовници, како и хералдички ознаки на револуционерни знамиња и на неколку други музејски предмети - прстени и пехар.

Значаен е фактот што за првпат е претставен релјефен приказ на најстариот досега познат македонски земски грб од Лондонскиот грбовник.

Прикажани се и неколку ликовни претстави на дел од земските грбови, и е дадена реконструкција на еден грбовник.

Презентацијата е реализирана со научна и стручна соработка со Македонското хералдичко здружение, особено со неговиот претседател м-р Јован Јоновски (www.heraldika.org.mk/MKHerald).

Музејскиот концепт е на Драган Георгиев, раководител на Историскиот оддел и виш кустос во Музејот на Македонија и донесува повеќе визуелни решенија за достигнување на наративноста, сугестијата и дидактичноста на поставката.

Драган Георгиев, виш кустос, e-mail: dragangeorgiev@hotmail.com

Фотогалерија

 
Банер

Настани

април 2012 мај 2012 јуни 2012
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31