Физичка култура и спорт

Е-пошта Печати PDF

Збирката ја сочинуваат вкупно 4.800 инвентарирани единици, од кои поголемиот дел се фототечен материјал. Низ фотографиите се застапени сите модерни спортови во Македонија, како и почетоците на разни гимнастички друштва во почетокот на ХХ век, во лицето на организацијата Јунак и Сокол.

Од тој период се зачувани неколку интересни предмети: значки од одржаните слетови на соколските организации, фудбалски чевли со кои се служел Ѓорѓи Клинчаров од Велес во 30-те години на ХХ век, како и скии користени од Петар Сарев од Штип.

Од современите спортови направени се неколку фондови, по пат на подарок или откуп:

Фонд на Мемо Сулејманов, првиот македонски маратонец, во кој се вклучени дипломи, благодарници, пофалници, како и освоените 13 медели, 2 пехари и 3 ордени;

Фонд на Љубиша Трбоевски, атлетичар, во кој влегуваат плакети, дипломи, пофалници, 11 медали, 5 пехари и 1 орден;


Фонд на Васил Франговски
, алпинист, кој е застапен со 66 инвентарни единици, главно алпинистчка опрема;


Фонд на Фарук Радончиќ
, кајакар, составен од многубројни признанија, пофалници, благодарници, дипломи, освоени 45 медали на разни меѓународни и домашни натпревари, како и дел од неговата спортска опрема;


Фонд на Олимпискиот плакат, кој се состои од 38 официјални постери на одржаните
Летни и Зимски олимписки игри.

Драган Георгиев, виш кустос

фотогалерија

 
Банер

Настани

април 2012 мај 2012 јуни 2012
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31