Народноослободителната војна во Македонија

Е-пошта Печати PDF

7.jpgПериодот на НОВ во Македонија (1941-1944) се совпаѓа со времето на Втората светска војна, кога територијата била окупирана од бугарски и италијански воени и државни власти, поддржани од нацистичка Германија. Македонскиот народ се вклучил во борбата против окупаторот со организирање на партизански одреди и ја извојувал својата победа за создавање на сопствена држава.

Музејскиот материјал се состои од фототека на фотографии на борци - учесници во НОБ; Фонд на воени институции (партизански одреди,

partizanski_pecat.gif

баталјони, бригади, дивизии и корпуси); Фонд на политички организации (Народноослободителни одбори, народна власт, советувања, конгреси и заседанија). Фонд на воени операции (походи и офанзиви); Фонд на слободни територии.


Од овој период во збирката е застапено оружјето (пиштоли, револвери, ками, бајонети, бомби, чаури), како и друга воена опрема (реденици, шлемови, униформи, кожни торби и чизми).


Документи
те од збирката опфаќаат воени географски карти, сведоштва, дописи, благодарници.

Изложени се и реконструкции на знамиња од воените формации, како и одликувања (ордени, медалји, значки и плакети).

Збирката поседува и фотографии, предмети, документи и сведоштва за Егејскиот дел на Македонија во НОБ (1941-1944) и за Граѓанската војна во Грција (1945-1949).

Марица Јовановска, кустос советник

фотогалерија

 
Банер

Настани

април 2012 мај 2012 јуни 2012
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31