Македонија меѓу двете светски војни

Е-пошта Печати PDF

p1010008.jpgЗбирката од овој период располага со фотографии, документи и предмети кои зборуваат за времето кога Македонија е распарчена помеѓу Србија, Бугарија, Грција и Албанија и будењето на националната свест преку формирање на разни друштва, партиски, спортски и културно-просветни.

Носители на овие идеи се напредни младинци и студенти кои подоцна во Втората светска војна ги дадоа своите животи за ослободување од фашизмот и за создавање на држава на македонскиот народ, Коле Неделковски, Кузман Јосифовски, Коста Рацин, Страшо Пинџур, Борко Талески, Никола Вапцаров, Лазо Трповски, Боро Менков и многу други познати и помалку познати борци за слобода.

Историскиот оддел располага и со збирка од околу 160 оригинални уметнички дела: слики, скулптури и карикатури од познати македонски автори: Лазар Личеноски, Димитар Пандиловски, Љубомир Белогаски, Томо Владимирски, Вангел Коџоман, Борко Лазески, Вангел Наумовски, Василие Поповиќ-Цицо, Родољуб Анастасов и други.

Збирката содржи и поштенски марки, значки, стари пари, знамиња и др.

Илија Цурев, кустос e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

фотогалерија

 
Банер

Настани

април 2012 мај 2012 јуни 2012
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31