Македонија под османлиско-турска власт

Е-пошта Печати PDF

Збирката предмети од Османлиско-турскиот период е составена од околу 2500 предмети. Тие датираат од XIV век, времето нa доаѓањето на Турците на Балканот, па сè до почетокот на XX век, односно до Илинденското востание во 1903 година.
mec_i_sabja.gif

Збирката содржи голем број фотографии, на кои се прикажани портрети и цртежи на турски султани, разни објекти, амами, теќиња, хареми и некои пејсажи од тоа време.

Збирката
поседува и повеќе од 200 монети од овој период, од кои бакарните се најинтересни за нумизматичарите.

Најрепрезентативно е оружјето и воената опрема на турската војска. p1010015.jpg

Оваа збирка поседува околу 200 парчиња ладно и огнено оружје (топузи, боздогани, наџаци, сабји, јатагани, кубури, пушки фитиљачи, кремењачи и каписларки).

Под воена опрема се подразбира облеката на војникот, панцир кошулите, специјалните панталони, токи, потоа, барутници, фишеклии и енамлуци.

Најинтересно кај турското оружје е неговата обработка, украсување и декорирање. Декорацијата е оној елемент кој на оружјето му дава посебна убавина. Покрај датумот на обработката и делови од Коранот, оружјето најчесто било гравирано со арабески и вегетативни орнаменти. Се украсувало со драги и полудраги камења, седеф, слонова коска, инкрустирани корали, злато и сребро.

Даниела Николова, виш кустос

 

фотогалерија

 
Банер

Настани

април 2012 мај 2012 јуни 2012
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31