Збирката содржи околу 1.500 инвентарни единици. Од нив 200 се тридимензионални предмети: средновековни монети од византиски и српски владетели, прстени, мечови, стрелки од врвови на стрели и копја, разни алати и алатки.
Во овој период хронолошки се опфатени најважните настани, почнувајќи од доаѓањето на Словените, примањето на христијанството, создавањето на словенската азбука и писмо, создавањето на првата македонска средновековна држава со царот Самуил, востанијата против Византија, потпаѓањето под српска власт, па сè до формирањето на самостојни феуди.
Значајно е да се споменат раритетниот меч „волчјак" од XIV век и копијата на Самуиловата плоча со натпис од крајот на X век, кој е најстар кириличен текст на Балканот.
Останатите инвентарни единици претставуваат фотографии пресликани од разни книги, енциклопедии, карти, портрети на просветители, дејци и личности од тој период.
фотогалерија















