Современа уметност

Е-пошта Печати PDF

Во рамките на одделот за уметност е поместена и ликовната колекција на сликарката Кераца Висулчева (1910-2003), легат на целокупниот нејзин опус за Република Македонија.

Колекцијата се состои од преку четиристотини дела работени во масло, пастел, акварел, јаглен, молив и глина, создавани од почетокот на 40-тите години на ХХ век до последните години на нејзиниот живот.

Тематскиот дијапазон е широк и опфаќа портрети, пејзажи/ведути, марини, бањи/актови итн., додека во стилскиот израз се забележуваат влијанија на минхенскиот академски реализам, францускиот импресионизам и експресионизам, во постојан стремеж да се допре современиот Европски модернистички концепт.

Во 2005 год. по претходна желба на Висулчева во Ресен беше поставена меморијална збирка на нејзини дела, предмети поврзани со нејзиниот живот и одличја добиени на повеќе Европски конкурси со што сликарката постхумано го добива заслуженото високо место во Македонската ликовна историја.

Андреј Ежов, виш кустос

фотогалерија

 
Банер

Настани

април 2012 мај 2012 јуни 2012
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31