Пчеларство, лов и рибарство

Е-пошта Печати PDF

Музејот на Македонија располага со 9 експонати од областа на пчеларството.
Со пчеларство се занимавало скоро секое домаќинство, особено во планинските и подпланинските села, затоа што тука постоеле поволни климатски услови за одгледување на пчели. Дивите пчели во природата живееле во карпите и дрвјата. Луѓето ги сечеле деловите од дрвјата каде што се наоѓале пчелите и ги пренсувале во близина на своите домови. Овие први живеалишта на пчелите се нарекувале букариња.

Најраспространето било одгледувањето на пчелите во кошници - трмки или улушки исплетени од прачки и повит, кои како заштита од дожд и сонце имале покривач од р'женица.

ЛОВ

Во средниот век ловот служел за забава на претставниците на повисоките слоеви во општеството. За разлика од нив, селаните се занимавале со лов за добивање на месо, кожа или крзно и за заштита од разни видови диви животни. Во ловот се употребувале разни видови примки, стапици, копанки и слично.

РИБАРСТВО

Збирката има 77 експонати. Рибата се ловела со сак, сертмевршка, ости, а главни средства за риболов по езерата биле влечните мрежи или влаковите и стоечките мрежи.

Покарактеристични риболовни средства во Македонија биле преградните инсталации на принципот на лавиринти, кои биле направени од густо исплетени прачки или трска. Тоа се струшките далјани на реката Дрим и мандрите на Дојранското езеро.

Сузана Андоновска, виш кустос

 

фотогалерија

 
Банер

Настани

април 2012 мај 2012 јуни 2012
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31