Истражувањата на народните обичаи во Музејот можат да се следат од неговото формирање до денес. Особено се истражувале обичаите поврзани со календарот, Бадник, Џамала, Русалии, Велигден, Ѓурѓовден и др.
Од обичаите поврзани со животот на човекот детално се истражени Галичката свадба и мариовската свадба.
За сите овие обичаи има богата фотодокументација. Интересно е дека првите три депонирани фотографии во музејската фототека се снимени во скопското село Усје и прикажуваат моменти од обичајот Курбан.
Музејот има комплетна фото-документација за голем број обичаи со маски од цела Македонија и комплетна документација за голем број на курбани (обичаи во кои е содржана крвната жртва).
Покрај фотографии, во музејското депо се чуваат предмети што се поврзани со изведување на овие обичаи.
Во постојаната поставка претставени се обичаите Бадник, Русалии, Џамала, Водици, Галичка свадба и Велигден.
Многу значаен дел на оваа збирка се документарните етнолошки филмови што се подготвуваат уште со самите почетоци од работата на Етнолошкиот музеј. Така во средината на педесеттите години на XX век во продукција на Музејот биле снимени етнолошките документарни филмови Русалии, Велигденски обичаи, Галичка свадба, а подоцна се снимени и етнолошките документарни филмови Мариовска свадба и Катлановско блато. Од новата продукција се филмовите Курбан, Џоломари, Бабарот што враќа кусур, Во името на Господ, Самовилска вода.
Овие етнолошки документарни филмови се подготвени од повеќе од 126 часа видео документарен матерјал од разни обичаи, што се чува во Музејот.
М-р Владимир Боцев, кустос советник, e-mail:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
фотогалерија















