Народно стопанство

Е-пошта Печати PDF

image032.jpgЗбирката Народно стопанство располага со 832 предмети групирани по функција во различни стопански гранки. Најбројни се етнолошките предмети од земјоделството и сточарството.

Земјоделството како фундаментална стопанска активност во Македонија е поделено на повеќе дејности и тоа: поледелство, фуражно земјоделство, градинарство, индустриско земјоделство, лозарство, овоштарство и шумско стопанство.

Поледелството е претставено со справи, алатки и прибор за подготвување на почва за засејување житни култури (рала, јареми, гужви, токмаци - пупалиња); справи и прибор за сеење житни култури (брани), алатки за жнеење (српови, паламидарки, колчиња - витли); за пренос на слама и сено (набодњи, врзми, дрвени коли со две и со четири тркала, сањи); за вршење и веење житни култури, чукање 'рж (куки, вили, гребла, метли, лопати - дрвени, дрмоњ, решета, фркачки - чукалки, дикањи); мерници за жито и садови за чување жито, житно семе, храна и слама (шиници, кутли, коруби, бучуци, кошеви, амбари); прибор за ронење пченкарни класови (кош , троначка, леса, боаљка).

Земјоделските алатки и прибор се самоделски изработки со исклучок на металните делови кои се изработени фабрички или во ковачки работилници.

Збирката Народно стопанство располага и со алатки за различна намена, предмети како личен прибор и макети на воденици (динга, коло со долап - чарк, даљани, мандри, бачила, чунови и др.).

Боре Неделковски, кустос советник

фотогалерија

image036.gifСТОЧАРСТВО

Од областа на сточарството Музејот на Македонија располага со 194 експонати кои се употребуваат како прибор и садови за одгледување на стадата и
за преработка на млекото.

Како прибор овчарите со себе носат јанџик или тагарџик на рамо, мало букаре за вода, ноже, дрвен прибор за јадење, дрвен стап крлуг за фаќање на овците и кавал, шупелка или дудук за свирење.

За одгледување на стадата и за преработка на млекото во млечни производи се користат разни видови ѕвонци, ножици-крклизи, дамки за бележење на овците со катран, разни видови дрвени ведра за молзење на млекото, каци сирници во кои се потсирува млекото и друг прибор.

Боре Неделковски, кустос советник

фотогалерија

 
Банер

Настани

април 2012 мај 2012 јуни 2012
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31