Народни ткаеници

Е-пошта Печати PDF

kilim.jpgЗбирката Народни ткаеници ја сочинуваат околу 1.200 домашно изработени предмети кои имаат утилитарна, украсна и обредна функција во опремата на традиционалната селска и градска куќа во Македонија.

Предметите потекнуваат од средината на XIX век до втората половина на XX век, од сите краишта на Македонија.

Најрепрезентативни примероци во збирката се килимите, пред сè, големите килими за постилање на градските гостински одаи, но естетски не помалку вредни се и селските килмичиња за на коњ, користени во свадбените церемонии.

Значајна е и збирката на волнени и козинави валани покривачи и постилачи за спиење. Во градските куќи се користеле и чаршафи, прекривки за кревет, пердиња и крпи. Големиот број на перници, торби, крпи и пелени имале примена во секојдневниот и обредниот живот на луѓето во селото и градот.

Ткаенините во збирката се изработени од домашна преѓа од волна, козина, лен, коноп, памук и свила, исткаени речиси исклучиво на хоризонтален разбој. Основни техники на ткаење се литото и четворното, изведени со помош на совелка, прсти, штички, жица или врзување на рески.

Во збирката има од наједноставни ткаенини во природната боја на материјалот без орнаментика до полихромни ткаеници со извонредно богата орнаментика. Во орнаментиката доминираат геометриските мотиви или пак растителни, животински и човечки фигури изведени во геометриска стилизација.

Јасемин Назим, кустос советник, e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Фима Трајковска, кустос советник, e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

фотогалерија

 
Банер

Настани

април 2012 мај 2012 јуни 2012
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31