Народни носии

Е-пошта Печати PDF

00.jpgЗбирката Народни носии е најобемната збирка во Етнолошкиот оддел, а важи и за најбогата музејска збирка на народни носии на Балканот. Таа опфаќа повеќе од 10.000 предмети. Збирката се состои од народни носии на македонското, како и на албанското, турското, ромското и влашкото население од сите региони на Македонија.

Најголемиот дел од овие предмети потекнуваат од крајот на XIX и почетокот на XX век.

Одлика на народните носии во Македонија е сочуваноста на многу архаични елементи, како во однос на кројките и формите на поедини нејзини елементи така и во начинот на нивното украсување. nosija-crvena.jpg

Збирката содржи комплети на женски, машки и детски носии, свадбени, празнични и секојдневни. Другиот дел од збирката содржи детали од овие носии.

Носиите се изработени од домашни материјали: волна, памук, лен и свила. Применувајќи традиционални технички средства и технолошки постапки, македонската жена самата ги подготвувала материјалите и ги изработувала носиите за себе и за своето семејство. Само горните клашнени облеки ги изработувале градски и селски занаетчии.

Секој предел и секоја етничка група во Македонија имала своја посебна носија, која се разликувала од носијата на соседниот регион по своите стилски и естетски карактеристики.

Секоја носија претставува комплетно оформена уметничка творба, изработена од текстилен материјал, обоена во разни бои и тонови, украсена со разновидни извезени или вткаени орнаментални мотиви и дополнета со разновиден накит и други украси.

Горданче Видиниќ, кустос советник
Петрула Карадафов, кустос советник
Сања Димовска, виш кустос
, e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

фотогалерија

 
Банер

Настани

април 2012 мај 2012 јуни 2012
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31