Нумизматика

Е-пошта Печати PDF

036_2.jpg063_1.gifНумизматичката античка збирка содржи 2.000 монети од ранокласичниот период до доцна антика. Најстара монета е октодрахмата на пајонското племе Дерони. Потоа следуваат монети на македонските кралеви, и мал број примероци на пајонските кралеви.

Од II век пр.н.е. особено чести на просторот на Република Македонија се монетите на македонските градови ковани во бронза, а од времето на Римската република, сребрените републикански денари. Хронолошки исто така се застапени и монетите на римските цареви, а особено чести се наодите на бронзени фолиси од IV век.

Во збирката се застапени монети од речиси сите ковници на Балканот.

Нумизматичката средновековна збирка содржи 9.762 монети. Хронолошки монетите се од IV до XVIII век. Најголем број од збирката (70%) припаѓа на византиското монетно ковање. Присутни се и византиски, српски и турски примероци.

Нумизматичкиот кабинет е формиран 1998 година како резултат на повисокото ниво на состојбата со нумизматиката во Македонија.

За развојот на нумизматиката во голема мера придонесе и специјализираното списание „Нумизматички гласник". Првиот број беше отпечатен во 1994 година. Досега се излезени 4 броја.


М-р Перо Јосифовски, виш кустос, e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Јован Кондијанов, кустос советник, e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

фотогалерија

 
Банер

Настани

април 2012 мај 2012 јуни 2012
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31