|
АНТРОПОЛОШКИ КАБИНЕТ
Антропологијата е застапена во рамките на Археолошкиот оддел на музејот од 1983 година. Во 2001 година е формиран Антрополошкиот кабинет.
Во рамките на дејноста водена е грижа за скелетните наоди во текот на археолошките ископувања на некропли. Извршената анализа на околу 10 000 индивидуални скелети од сите археолошки периоди. Тоа се, по хронолошкиот редослед последователните, праисториски: Маркова Сушица, Варвара и Хиподром - Скопје, Водоврати и Уланци - Велес, Милци и Вардарски Рид - Гевгелија, Дедели - Валандово, Отошница и Опила - Крива Паланка, средновековните: Демир Капија, Виничко Кале, Пепелиште и Бистренци - Неготено, Дуње - Прилеп, Орта Џамија и Водоча - Струмица и Плаошник - Охрид.
Со антрополошките истражувања се реконструираат физичкиот изглед на човекот во минатото, палеодемографските карактеристики на населението, етногенетските и антропогенетските процеси низ праисториските и историските периоди, како и палеопатолошката слика на човекот во Македонија.Реализирани се неколку повеќегодишни истражувачки проекти како “Антрополошки карактеристики на средновековното население од Црквиште - Демир Капија”, “Антрополошклиот профил на античкото население на Стоби” и “Средновековното население на Орта Џамија и Водоча - Струмица”. Резултатите се презентирани во четири монографии и триесетина текстови во стручни списанија.
Во 2004 година е реализирана изложба насловена “Човекот во минатото со тродимензионални реконструкции на скулптури и цртежи на 13 избрани индивидуи чија хронолошка припадност оди од неолитот до средниот век.
Д-р Фаница Вељановска, антрополог, научен советник
|