Привремени

1 + 1 Живот и љубов низ македонската историја

Е-пошта Печати PDF

На 11 март 2011 година во 19 часот во Музеј на Македонија ќе биде отворена изложбата 1 + 1 Живот и љубов низ македонската историја’. Изложбата се реализира, покрај во Република Македонија, во координација со десет музеи од Балканот во рамките на ’Регионалната музејска соработка на Западен Балкан’, проект инициран и целосно финансиски поддржан од страна на невладината фондација Културно наследство без граници од Кралството Шведска.

Изложбата претставува резултат на повеќегодишна соработка , координација и размена на идеи помеѓу единаесет музејски институции од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора. Во тие рамки, беа организирани неколку работилници насловени ’Патувачки изложби/заеднички изложби’, а една од нив беше одржана и во Музејот на Македонија. Предвивено е секој од музеите да постави своја изложба на заедничката тема ’1 + 1 Живот и љубов’.

Изложбата што ќе биде поставена во Музеј на Македонија е насловена 1 + 1 Живот и љубов низ македонската историја’ и змислена е како концепција која ќе се користи во едукативната програма за работа со ученици од основните и средните училишта. На изложбата ќе бидат поставени фотографии и копии од музејски предмети од доменот на археологијата, историјата, етнологијата и уметноста, кои на симболичен начин ја изразуваат темата. Раководител на проектот е Гордан Николов, виш кустос – етнолог во Музејот на Македонија.

Сите изложби ќе бидат отворени во исто време, при што ќе биде воспоставена видео конекција за да може чинот на отворањето да се проследи во сите институции.

 

MUNICIPIVM STOBENSIVM – Римската монетарница во Стоби

Е-пошта Печати PDF
Roman"; mso-bidi-theme-font:minor-bidi;} pokana-    copy.jpg Во Музеј на Македонија на 2 март 2011 година во 12 часот ќе биде отворена изложбата насловена MUNICIPIVM STOBENSIVM – Римската монетарница во Стоби.

Со оваа изложба пред македонската јавност за прв пат ќе бидат презентирани оригинални монети од времето на единаесет римски императори. На изложбата ке бидат презентирани 176 монети исковани во периодот од 73 г.н.е., кога монетарницата започнала со своите активности, до 217 г.н.е., кога нејзината активност во потполност замрела. Се работи за бронзени монети за локална употреба.

Автор на концепцијата за изложбата и на текстот за каталогот е м-р Перо Јосифовски, нумизматичар.

Изложбата ќе ја отвори Академик Вера Митракова Грозданова.

 

ДЕКОРАТИВНА ПЛАСТИКА ОД ИСЛАМСКИТЕ САКРАЛНИ СПОМЕНИЦИ

Е-пошта Печати PDF


img_4308.jpg

Во Музеј на Македонија во тек е изложбата ''Декоративна пластика од исламските сакрални споменици'' на која низ фотографии се претставени дел од декоративните елементи работени во камен и мермер во сакралните објекти, од периодот помеѓу XV и XVII век во Р. Македонија.

Вистински уметнички вредности претставуваат скулптуралните украси на порталите, капителите, лаците и венците, декорацијата кај михработ, мимберот и шерефињата на минарињата.
Од богатиот спектар на различни култури и уметности кај нас, исламската уметност има значајна улога. Развивана низ вековите наназад, таа е неразделен дел од заедничкото културно наследство на Македонија.

Токму тоа беше причината за реализација на оваа изложба со која се обидуваме да дадеме придонес во доближувањето на овој вид културно наследство до љубителите на архитектурата и уметноста.

Автори на концепцијата на изложбата се Борче Топуковски и Татјана Канчевска  Смичковска, кустоси - историчари на уметност во одделот за уметност при Музеј на Македонија.

 

 


 

Семејни Стебла

Е-пошта Печати PDF


Изложба   "Семејни стебла" во Музејот на Македонија

Меѓународниот ден  на музеите 18 мај, Музеј на Македонија традиционално го одбележува sсо повеќе настани во сабота, 15 мај во 20:00  часот во големата сала ќе биде отворена изложбата "Семејни стебла"(15 maj e Meѓународен ден на семејството), а ќе биде презентиран и проектот "Ранохристијанска уметност на територијата на Македонија" - дела на учениците на Интернационалното средно училиште работени под раководство на професорот Теон Џинго, а во соработка со Лена Ангелковкса, музејски едукатор. Во постојаната поставка на Етнолошкиот музеј во одделот Народно стопанство ќе биде поставен нов амбиент на "Стопански двор - гумно". Во рамиките на одбележувањето на Денот на музеите на 20 мај, четврток во 12 часот во кино салата наМузејот на Македонија ќе биде промовирано најновото издание на Зборник - Историја број 3..

Изложбата "Семејни стебла" ги бележи семејните хронологии во изминативе три века, таа е сведоштво на длабоко вкоренетите семејни темели и вредности на општествениот, економскиот и културниот живот на овие простори. На изложбата ќе бидат прикажани 39 семејни стебла: Аџиевци, Аницин,Тоешеви-Кареви, Дртковски, Коку, Капмаре, Прокопиеви, Балабјан, Чепрганови, Димковци, Филиповци, Гечеви, Хаџи Лега, Букле, Бомбол, Бунтески, Дика, Сима, Фрчковски, Груеви, Кокалевци-Ѓурчинови, Кирлиу, Личоски, Рубен, Османли, Топуковски, Зографски, Бајрам, Тавитјан, Влашки, Настеви,  Миќуновиќ, Милачиќ, Новичиќ, Ераковиќ, Мирчеви,Топуз-Матковски, Жунгуловци, и Поп Арсов, кои преставуваат историски извор и семејна меморија визуелно пркажана како семејни стебла со оргиналини фотографии. Проектот е идеја на директорката Мери Аницин Пејоска, а се состои  од собирање и заедничка презентација  на веќе истражените семејни стебла, кои преставуваат посебен вид културно наследство, при што се водеше сметка за застапеноста насите етноси во Македонија.

Музејот упатува голема благодарност до оние самосвесни граѓани кои ги чуваат и негуваат старите албуми и сведоштва од заборав. Раководителот на проектот Виолета Ѓорѓеска  виш кустос и историчар на уметност и самата долгогодишен истражуваш на темата, успешно ги обработи овие податоци и ја подготви презентацијата, заедно со Боро Бунтески, кустос историчар и ликовен соработник и дизајнер Гордана Георгиевска и тимот од музејот.

Отварајќи ја  оваа изложба на веќе истражени семејни стебла, Музејот на Македонија највува натамошно истражување на ова поле и во соработка со заинтересираните семејства збогатување на збирката "Семејни стебла". Музејот изразува надеж дека изложбата "Семејни стебла" ќе го поттикне интересот на граѓаните да ги истражат своите семејни корени.

 

Крстови од Македонија

Е-пошта Печати PDF

10.11.2008 - 10.02.2009

Отворање: 19:00

krstovi.jpgКрстот, како симбол на христијанството, од неговото прифаќање како единствен препознатлив симбол на верата, нè следи до денес. Со претставувањето на најразлични крстови од сите делови на Македонија дадена е панорама на експонати од применетата уметност и на уметнички занаети, со која ќе се прошири и продлабочи сознанието за нивната застапеност на македонскиот културен простор.

 

Изложените предмети станале сопственост на музеите по различни основи. Дел од нив се археолошки наоди, дел се добиени како подарок или со откуп, а дел како заштитување на црковниот инвентар. Во каталогот што ја следи изложбата се класифицирани разни типови крстови според територијални, типолошки, иконографски и стилски карактеристики.

 

Крстовите што се презентираат на оваа изложба досега биле позанти на тесен круг стручни лица. Некои од предметите за прв пат се обзнануваат во јавноста, а благодарение на меѓумузејската соработка, за прв пат се експонираат на едно место.

 

Автор на концепцијата на изложбата е Марија Мурџева, виш кустос во НУ Музеј на Македонија.

Голема благодарност до институциите

- НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј - Охрид,

- НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј - Прилеп,

- НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј - Струмица,

- НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј - Битола,

- Музеј на Град Скопје,

- НУ Национален конзерваторски центар, збирка Стоби - Скопје,

- НУ Музеј Куманово,

- Музеј Тетово,

- Институт за старословенска уметност - Прилеп,

- Филозофски факултет - Скопје,

- Фамилијата Јовчевски,

за отстапениот материјал, како и на колегите, за нивната стручна соработка.

 
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL
Банер

Настани

април 2012 мај 2012 јуни 2012
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31