Изложбената дејност на Музејот на Македонија е активност со која на домашната и на странската публика им се презентира македонската културна ризница. Со разновидните тематски изложби станува возможно подетално да се допре до одредено време и до неговите карактеристични белези содржани во културното наследство што грижливо се чува во овој музеј.
Постојани поставки
- Археологија - Од палеолитот, 50.000 год. пред н.е до XIV век -


- Етнологија - Изложба на костими, накит, традиционална архитектура, текстил, традиционални музички инструменти..

- Историја на уметност - Изложба на фреско копии
- Галерија со икони - Изложба на икони од XIV до XIX век
- Историја - Историјата на македонскиот народ од XIV до XX век
- Лапидариум - Споменици од камен во Куршумли Ан
