музејска продавница
 
  Оддели
 
 
  Контакти

Во еден од најубавите споменици на културата во Скопје, Куршумли ан, е сместен Лапидариумот на Музејот на Македонија. Анот е изграден во XVIвек како најголем трговски ан во скопје и тогаш во компексот влегувале и Казанџихлар џамија и Ѓуршилер (Кури) амам, кои денес се срушени. Кон крајот на XIX век бил пренаменет во политички затвор. Од 1924 година во него се собрани над 700 камени споменици од Република Македонија и од Косово. Во 1955 година во коњушницата на анот е направен лапидариум, но со земјотресот од 1963 година овој објект е руиниран и така многу години затворен за јавноста. Во 2001 година Музејот на Македонија ги постави најзначајните споменици од својата збирка во приземјето на главната зграда на анот. Во изложбата влегуваат над 130 споменици со разлишен карактер. Секоја ќелија содржи споменици кои потекнуваат од иста област и од ист период, пошнуваќи од I век пред н.е., до IV век. Тоа овозможува да се согледаат многу аспекти од животот на римската провинција Македонија.

Од 10.01.2008.
до 10.03.2008.

© Copyright 2007, Museum of Macedonia, All rigtst recived.
designed & powered by insourcingMk