НУ Музеј на Македонија – Скопје ве известува дека во рамките на активностите поврзани со меѓународната соработка на нашата институција, колегата Гордан Николов, виш кустос – етнолог, е избран за Национален представник на Македонија во Европската музејска академија (ЕМА).
Изборот за представник на Македонија во ЕМА е потврден на работната средба (21-24 Октомври 2010 год.) реализирана во Бетиноро – Република Италија, за време на одржување на меѓународната работилница под наслов: Мултикултурни општества, меѓукултурен дијалог и европските музеи, организирана од страна на ЕМА и Универзитетскиот резиденцијален центар на Бертиноро(University Residental Centre of Bertinoro -IBC).
Со овој чин Република Македонија, преку Музејот на Македонија е впишана во картата на Европа како земја која активно придонесува за развивање на музејската дејност.














