Постојани

E-mail Print PDF
There are no translations available.

kursumli.jpg

 

 

 

 

 

Музејот на Македонија на својот изложбен простор кој опфаќа над 6000 м² презентира 4 постојани поставки:

АРХЕОЛОШКА

ЕТНОЛОШКА

ИСТОРИСКА

ИСТОРИЈА НА УМЕТНОСТ со ГАЛЕРИЈА НА ИКОНИ

ЛАПИДАРИУМ


arh.jpg

 

 

 

 

 

Археолошка поставка - Постојаната изложба на Музејот на Македонија содржи археолошки предмети собрани главно од ископувањата низ целата држава кои датираат од палеолитот, 50.000 год. п.н.е до XIV век

Овие артефакти хронолошки се презентирани низ следниве збирки:

фотогалерија

etno.jpg

 

 

 

 

 

 

Етнолошка поставка - Постојаната поставка на Етнолошкиот оддел ги опфаќа сите сегменти од македонското традиционално творештво и наследство.

Збирката народни носии во овој оддел се смета за најбогата на Балканот.

Постојаната етнолошка поставка ги презентира збирките:

фотогалерија

freska.jpgИсторија на уметност - Материјалите за овој оддел се собирани во Музејот од дваесеттите години на XX век. Најголем дел е собран во заштитните акции по напуштените цркви и манастири, а помал дел е добиен по пат на откуп.

Во постојаната поставка на овој оддел претставени се збирките:


фотогалерија

galerija.jpgГалерија на икони - Галеријата на икони во Музејот на Македонија во Скопје е најбогатата од тој вид во Република Македонија. Содржи над 400 икони кои потекнуваат од почетокот на XIV до средината на XX век.

Во постојаната изложбена Галерија на икони, со стотина примероци се презентира само дел од колекцијата на Музејот на Македонија, што го претставува нејзиното јадро од најстари, најтипични и најрепрезентативни примероци на своето време.

Според хронолошката застапеност на иконите, колекцијата може да се нарече поствизантиска и доцносредновековна...

фотогалерија

istorija.jpgИсториска поставка - Постојаната поставка во историскиот оддел ја опфаќа историјата на македонскиот народ од XIV до XX век.

Најнова во овој оддел е хералдичката збирка, отворена на почетокот на март 2009.

Во поставката се презентирани следниве збирки:

фотогалерија

Лапидариум - Лапидариумот, збирка камени споменици, е сместен во ќелиите на приземјето на главната зграда на еден од најубавите споменици на културата во Скопје - Куршумли ан.

1.jpgСекоја ќелија содржи споменици кои потекнуваат од иста област и од ист период, почнувајќи од I век пр.н.е. до времето на доцната антика (IV век), време во кое Македонија била римска провинција.


Во лапидариумот влегуваат над 130 споменици, различни според својата типологија.

фотогалерија

 
Banner

Events

January 2012 February 2012 March 2012
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29