
Музејската продавница нуди голем избор копии од артефакти изложени во Музејот на Македонија, како и неколку копии на артефакти од музеите во Охрид и во Струмица.
Сите копии се опремени со сертификат и амбалажа, така што претставуваат извонреден подарок за Вашите блиски, пријатели и деловни соработници во земјата и во странство.
Музејската продавница нуди и голем избор на картички, каталози, книги, букмаркери, плакати, календари...
Продавницата се наоѓа во објектот на Музејот на Македонија.
Работи од понеделник до петок од 8:00 до 16:00 часот.
Во текот на викендите копиите од продавницата можете да ги набавите на влезот во изложбените сали.















