Привремени

Семејни Стебла

Е-пошта Печати PDF


Изложба   "Семејни стебла" во Музејот на Македонија

Меѓународниот ден  на музеите 18 мај, Музеј на Македонија традиционално го одбележува sсо повеќе настани во сабота, 15 мај во 20:00  часот во големата сала ќе биде отворена изложбата "Семејни стебла"(15 maj e Meѓународен ден на семејството), а ќе биде презентиран и проектот "Ранохристијанска уметност на територијата на Македонија" - дела на учениците на Интернационалното средно училиште работени под раководство на професорот Теон Џинго, а во соработка со Лена Ангелковкса, музејски едукатор. Во постојаната поставка на Етнолошкиот музеј во одделот Народно стопанство ќе биде поставен нов амбиент на "Стопански двор - гумно". Во рамиките на одбележувањето на Денот на музеите на 20 мај, четврток во 12 часот во кино салата наМузејот на Македонија ќе биде промовирано најновото издание на Зборник - Историја број 3..

Изложбата "Семејни стебла" ги бележи семејните хронологии во изминативе три века, таа е сведоштво на длабоко вкоренетите семејни темели и вредности на општествениот, економскиот и културниот живот на овие простори. На изложбата ќе бидат прикажани 39 семејни стебла: Аџиевци, Аницин,Тоешеви-Кареви, Дртковски, Коку, Капмаре, Прокопиеви, Балабјан, Чепрганови, Димковци, Филиповци, Гечеви, Хаџи Лега, Букле, Бомбол, Бунтески, Дика, Сима, Фрчковски, Груеви, Кокалевци-Ѓурчинови, Кирлиу, Личоски, Рубен, Османли, Топуковски, Зографски, Бајрам, Тавитјан, Влашки, Настеви,  Миќуновиќ, Милачиќ, Новичиќ, Ераковиќ, Мирчеви,Топуз-Матковски, Жунгуловци, и Поп Арсов, кои преставуваат историски извор и семејна меморија визуелно пркажана како семејни стебла со оргиналини фотографии. Проектот е идеја на директорката Мери Аницин Пејоска, а се состои  од собирање и заедничка презентација  на веќе истражените семејни стебла, кои преставуваат посебен вид културно наследство, при што се водеше сметка за застапеноста насите етноси во Македонија.

Музејот упатува голема благодарност до оние самосвесни граѓани кои ги чуваат и негуваат старите албуми и сведоштва од заборав. Раководителот на проектот Виолета Ѓорѓеска  виш кустос и историчар на уметност и самата долгогодишен истражуваш на темата, успешно ги обработи овие податоци и ја подготви презентацијата, заедно со Боро Бунтески, кустос историчар и ликовен соработник и дизајнер Гордана Георгиевска и тимот од музејот.

Отварајќи ја  оваа изложба на веќе истражени семејни стебла, Музејот на Македонија највува натамошно истражување на ова поле и во соработка со заинтересираните семејства збогатување на збирката "Семејни стебла". Музејот изразува надеж дека изложбата "Семејни стебла" ќе го поттикне интересот на граѓаните да ги истражат своите семејни корени.

 

Крстови од Македонија

Е-пошта Печати PDF

10.11.2008 - 10.02.2009

Отворање: 19:00

krstovi.jpgКрстот, како симбол на христијанството, од неговото прифаќање како единствен препознатлив симбол на верата, нè следи до денес. Со претставувањето на најразлични крстови од сите делови на Македонија дадена е панорама на експонати од применетата уметност и на уметнички занаети, со која ќе се прошири и продлабочи сознанието за нивната застапеност на македонскиот културен простор.

 

Изложените предмети станале сопственост на музеите по различни основи. Дел од нив се археолошки наоди, дел се добиени како подарок или со откуп, а дел како заштитување на црковниот инвентар. Во каталогот што ја следи изложбата се класифицирани разни типови крстови според територијални, типолошки, иконографски и стилски карактеристики.

 

Крстовите што се презентираат на оваа изложба досега биле позанти на тесен круг стручни лица. Некои од предметите за прв пат се обзнануваат во јавноста, а благодарение на меѓумузејската соработка, за прв пат се експонираат на едно место.

 

Автор на концепцијата на изложбата е Марија Мурџева, виш кустос во НУ Музеј на Македонија.

Голема благодарност до институциите

- НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј - Охрид,

- НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј - Прилеп,

- НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј - Струмица,

- НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј - Битола,

- Музеј на Град Скопје,

- НУ Национален конзерваторски центар, збирка Стоби - Скопје,

- НУ Музеј Куманово,

- Музеј Тетово,

- Институт за старословенска уметност - Прилеп,

- Филозофски факултет - Скопје,

- Фамилијата Јовчевски,

за отстапениот материјал, како и на колегите, за нивната стручна соработка.

 

Вучедол - мит што опстојува

Е-пошта Печати PDF

vucedol_copy.gif17. 12. 2008 - 17. 03. 2009

Отворање: 19:00

Локалитетот Вучедол и културата која го има добиено името по него секако е своевиден феномен меѓу појавите кои ги одбележале праисториските периоди не само во Хрватска, туку и во Европа. Интересот за вучедолската култура која изникнала на просторите на источна Славонија и Срем, но и од матичното подрачје во нејзините подоцнежни фази се ширела во средноевропските подрачја, не е од понов датум. Во основа тој е присутен од времето на првите систематски истражувања на издигнатииот јужен брег на Дунав, само неколку километри по течението до Вуковар, што во дамнешните триесетти години на XX век ги извршил германскиот археолог Р. Шмит.

На изложбата ВУЧЕДОЛ - МИТ ШТО ОПСТОЈУВА се изложени стотина одбрани експонати кои ѝ припаѓаат на вучедолската култура, со желба да се претстави една од најзначајните и најинтересни праисториски култури на просторот на северна Хрватска. Археолошкиот музеј во Загреб ја реализираше изложбата во соработка со Градскиот музеј Винковци и Градскиот музеј Вуковар кои поседуваат вредни наоди од вучедолската култура, особено оние кои се откриени во текот на поновите истражувања.

 

Автор на изложбата: Жаклин Бален

 

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4 /* Style Definitions */ table.MsoNormalTable {mso-style-name:"Table Normal"; mso-tstyle-rowband-size:0; mso-tstyle-colband-size:0; mso-style-noshow:yes; mso-style-parent:""; mso-padding-alt:0cm 5.4pt 0cm 5.4pt; mso-para-margin:0cm; mso-para-margin-bottom:.0001pt; mso-pagination:widow-orphan; font-size:10.0pt; font-family:"Times New Roman"; mso-ansi-language:#0400; mso-fareast-language:#0400; mso-bidi-language:#0400;}

 

Ноќ на музеите 2009

Е-пошта Печати PDF
МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА

Меѓународен ден на музеите 2009 година

16 мај, сабота
НОЌ НА МУЗЕИТЕ


19.30    Отворање на изложбата Карневалот – Цар на Европа,

            проследено со изведба на џамаларски игри од учениците од ДМБУЦ Илија Николовски Луј, Оддел за традиционална музика и игри.          

            Изложбата ќе ја отвори Н. Е. Г. Ерван Фуере, Амбасадор на делегацијата на Европската Комисија.

20.00    Отворање на изложбата Портали од исламски верски објекти во Македонија – Османлиски период
            Презентација на традиционална храна и пијалоци со ориентално потекло

22.00    Концерт на групата Сетстет

18 мај, понеделник

12.00    Предавање на м-р Гоце Наумов
            Орнаментите и визуелните идентитети на неолитските заедници од Македонија

21 мај, четврток


11.00    Извлекување на наградите од музејско-едукативната наградна игра

            НАКИТ од музејските и галериските збирки

 
ГОСТУВАЊА
 
15 мај, петок

12.00    Музеј и галерија Кавадарци
            Отворање на изложбата
            Војводата Дедо Иљо Малешевски

22 мај, петок

19.30    НУ Завод и музеј Струмица
            Отворање на изложбата
            Танцот на стаклените перли
 

Традиционални садови од дрво

Е-пошта Печати PDF
pokana-sadovi.jpg14.04. - 14.09.2009

Отворање: 19:30

Традиционалните садови од дрво претставуваат значаен сегмент од животот на традиционалниот човек. Досега биле изложувани во рамките на целокупната покуќнина, потоа при уредување на селски ентериери, при презентација на земјоделските активности и сл.Оваа изложба претставува прв обид овие садови да се прикажат самостојно.

Во презентацијата се застапени садови што имале широка употреба во секојдневниот живот, како и садови што се користеле при изведување на разни земјоделски активности.

Покрај заедничката функција, овие предмети се одликуваат со разновидност во големината, обликот, начинот на изработка и декорацијата. Ги има од наједноставни примероци, кај кои е искористена природнта форма на дрвото, до особено инспиративно обликувани и декорирани садови. Тоа се предмети кои пленуваат со својата форма, вистински скулптури во просторот, дело на непознат мајстор кому треба да му се позавиди.

Карактеристична е и нивната декорација, која поктрај естетиката носи и одредена симболика, како одраз на чувствата, размислувањата и сфаќањата на традиционалниот човек.

Поради фрагилноста на дрвото како материјал, изложените предмети датираат од почетокот на XX век. Застапени се околу 200 предмети од речиси сите предели на Република Македонија, при што може да се согледаат сличностите и разликите во терминологојата, типологијата, како и во ликовното изразување.

Автор на концепцијата за изложбата е Милка Крстевска, кустос-советник во Етнолошкиот оддел на Музејот на Македонија.

 

 

 
Банер

Настани

август 2010 септември 2010 октомври 2010
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30