Во дворот на Музејот на Македонија се наоѓа еден од најубавите споменици на културата во Скопје - Куршумли ан. Во него е сместен лапидариумот. Во збирката влегуваат над 130 споменици, различни според својата типологија.
Историјата на овој објект започнува од XVI век, кога првобитната намена му била како трговски ан, и така било сèдо Турско-руската војна.
Кон крајот на XIX век бил пренаменет во политички затвор.
Од 1924 година во него се собрани над 700 камени споменици од Република Македонија и од Косово.
Во 1955 во коњушницата на анот е направен лапидариум - изложба на најзначајните камени споменици што ги поседувал Музејот на Македонија. Со земјотресот во 1963 година овој објект е руиниран, по што многу години бил затворен за јавноста.
Сегашниов лапидариум е сместен во ќелиите на приземјето на главната зграда на анот. Секоја ќелија содржи споменици кои потекнуваат од иста област и од ист период, почнувајќи од I век пр.н.е. до времето на доцната антика (IV век), време во кое Македонија била римска провинција.
Фотогалерија















