Гостувања

Гостувања

Е-пошта Печати PDF

МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА

Меѓународен ден на музеите 2009 година


15 мај, петок

12.00 Музеј и галерија Кавадарци
         Отворање на изложбата
         Војводата Дедо Иљо Малешевски

22 мај, петок

19.30 НУ Завод и музеј Струмица
         Отворање на изложбата
         Танцот на стаклените перли

 

Македонски христијански корени - Цоне Крстевски

01.12.2007 - 28.02.2008
Отвoрање: 18:00

Во рамките на манифестацијата Денови на македонската култура во Загреб, а во организација на Македонското културно друштво Охридски бисер" и соработка со Музеј на Македонија се реализира археолошката изложба Македонски христијански корени". Изложбата е поставена во Музејот Пригорје" во Сесвете, крај Загреб. Автор на изложбата е Цоне Крстевски, кустос-советник во Музеј на Македонија. Изложени се 25 копии од познатите винички теракотни икони од VI и VII век. Целата колекција има повеќе од 50 цели теракоти и 100 фрагменти.

 

Праисториските дами од Македонија - Ирена Колиштркоска-Настева

17.11.2007 - 17.03.2008

korica.jpgИзложбата Праисториските дами од Македонија на крајот на 2007 и на почетокот на 2008 година имаше мошне успешно гостување во Археолошкиот музеј во Загреб, Република Хрватска. Тоа го докажува фактот што само во текот на манифестацијата Ноќ на музеите ја имаат видено 9000 посетители и наместо предвидените три, поставката гостуваше четири месеци.

Во изложбата се презентирани 94 стилизирани женски фигурини, скоро сите изработени од глина. Женските фигурини, женските идоли", како се нарекуваат во археолошката терминологија, го прикажуват светот на неолитскиот (младо камено време) и енеолитскиот (бакарно време) човек. Тие најчесто ја симболизираат плодноста и обновувањето на животот. Хронолошки гледано, припаѓаат на периодот од VI до средината на III милениум пр. н.е. Сите фигурини се оригинални и рачно изработени. Во текот на археолошките истражувања скоро секогаш се откриваат во внатрешноста на куќите. Претставени се и почитувани се како идоли, заштитници на домот и куќата. Имаат нагласени симболи на плодноста и убавината, а повеќето се богато и разновидно украсени со накит и фризури, што укажуваат на реалистични примероци од секојдневниот живот на луѓето од каменото и бакарното време.

 

 

Македонски христијански корени - Цоне Крстевски

08.06.2007 - 09.06.2007
Отвoрање: 19:00

Во рамките на манифестацијата Десет денови на Браќата Миладиновци" во Ѓаково и во Осиек, Музејот на Македонија ја организираше изложбата Македонски христијански корени" на која се презентирани познатите теракотни икони од Виница. Изложбата се одржа во музејот на Бискупот Јосип Јуриј Штросмаер. Со оваа манифестација се одбележаа 146 години од печатењето на Зборникот на Браќата Миладиновци.

 

Евроатлантски партнерски совет Безбедносен форум - НАТО, Охрид - Музеј на Македонија

28.06.2007 - 29.06.2007
Отвoрање: 17:00

baner-sumit-nato.jpgПо повод Евроатлантскиoт партнерски совет, безбедносeн форум одржан во Охрид, Музејот на Македонија беше дел од презентацијата на културното наследство на Република Македонија. Музејот, учествуваше со три тематси изложби,копии на теракотните икони од Виничко Кале, Виница од одделот за Археологија; копии на фрески од колекцијата на одделот на Историја на уметност; дел од традиционалните носии на одделот за Етнологија. Паралелно Музејот се претстави и со дел од продажната колекција на службата за Маркетинг. За оваа прилика работилницата за изработка на копии на оригиналните експонати на Музејот на Македонија изработи и копии на теракотни икони и бронзени Менади кои беа дел од подароците наменети за делегациите - учесници на охридскиот форум.
Музејот со своите активности предизвика голема заинтересираност кај странските делегации и професионално одговори на
барањата на организаторот на Форумот, Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

 

 

 
Банер

Настани

август 2010 септември 2010 октомври 2010
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30