Етнологија

Етнологија

Е-пошта Печати PDF

0-etno.jpgОдделот за етнологија во Музејот на Македонија содржи околу 18.000 етнолошки предмети кои хронолошки датираат од X до XX век.

Уште од формирањето, Етнолошкиот музеј е посветен на прибирањето, проучувањето и зачувувањето на етнолошкото културно наследство на нашата земја, а преку својата изложбена, издавачка и едукативна дејност Музејот го прави достапно на јавноста.

Прибирањето на етнографските предмети во Македонија започнува во 1920 година, кога во рамките на Филозофскиот факултет во Скопје се формираат збирки како нагледно средство на студентите. Во 1925 е формиран музеј од комплексен тип, а во негови рамки и етнографското одделение. Во Втората светска војна ова одделение ја продолжува својата работа во состав на тогашниот Народен музеј на Македонија со археолошко и етнолошко одделение. Во 1949 година етнографското одделение прераснува во посебна институција - Етнолошки музеј на Македонија. Од 1977 Етнолошкиот музеј продолжува да работи во рамките на Музеите на Македонија - Археолошки, Етнолошки и Историски.


 

 

Збирки:

 

Народни носии

Е-пошта Печати PDF

00.jpgЗбирката Народни носии е најобемната збирка во Етнолошкиот оддел, а важи и за најбогата музејска збирка на народни носии на Балканот. Таа опфаќа повеќе од 10.000 предмети. Збирката се состои од народни носии на македонското, како и на албанското, турското, ромското и влашкото население од сите региони на Македонија.

Најголемиот дел од овие предмети потекнуваат од крајот на XIX и почетокот на XX век.

Одлика на народните носии во Македонија е сочуваноста на многу архаични елементи, како во однос на кројките и формите на поедини нејзини елементи така и во начинот на нивното украсување. nosija-crvena.jpg

Збирката содржи комплети на женски, машки и детски носии, свадбени, празнични и секојдневни. Другиот дел од збирката содржи детали од овие носии.

Носиите се изработени од домашни материјали: волна, памук, лен и свила. Применувајќи традиционални технички средства и технолошки постапки, македонската жена самата ги подготвувала материјалите и ги изработувала носиите за себе и за своето семејство. Само горните клашнени облеки ги изработувале градски и селски занаетчии.

Секој предел и секоја етничка група во Македонија имала своја посебна носија, која се разликувала од носијата на соседниот регион по своите стилски и естетски карактеристики.

Секоја носија претставува комплетно оформена уметничка творба, изработена од текстилен материјал, обоена во разни бои и тонови, украсена со разновидни извезени или вткаени орнаментални мотиви и дополнета со разновиден накит и други украси.

Горданче Видиниќ, кустос советник
Петрула Карадафов, кустос советник
Сања Димовска, виш кустос
, e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

фотогалерија

 

Народен накит и занаети

Е-пошта Печати PDF

pafta.jpgЗбирката Народен накит и занаети содржи околу 3.400 предмети. Составена е од метален и монистрен накит, оружје, прибор за пушење, амајлии, разновидни религиозни предмети: опкови за икони, опкови за евангелија, крстови за домашна намена и луксузна покуќнина. Збирката поседува и алатки од ковенџискиот занает.

Од накитот најбројни се пафтите - невестински украс за појас, потоа прстени, колани, разновидни украси за вратот и градите, обетки и украси за глава и нараквици.

Изработени се од најразновидни материјали: месинг, бакар, сребро, легури на сребро, злато. Застапени се сите техники за обработка на метал: леење, ковење, филигран, ажурирање, лемење.
peperutka.jpg

Монистрениот накит е од рачна изработка.Тоа се: колани, нараквици, ѓердани, разновидни ќустеци, амајлии, украси за коса и чело, украси за машки чорапи дизгии".

Составен дел на збирката се и предмети поврзани со ковенџискиот, седефарскиот, чибукчискиот и пушкарскиот занает.


Повеќето предмети потекнуваат од втората половина на XVIII до првата половина на XX век, а неколку примероци се од XIV, XV и XVI век.

Милена Петровиќ, кустос советник

фотогалерија

 

Народни ткаеници

Е-пошта Печати PDF

kilim.jpgЗбирката Народни ткаеници ја сочинуваат околу 1.200 домашно изработени предмети кои имаат утилитарна, украсна и обредна функција во опремата на традиционалната селска и градска куќа во Македонија.

Предметите потекнуваат од средината на XIX век до втората половина на XX век, од сите краишта на Македонија.

Најрепрезентативни примероци во збирката се килимите, пред сè, големите килими за постилање на градските гостински одаи, но естетски не помалку вредни се и селските килмичиња за на коњ, користени во свадбените церемонии.

Значајна е и збирката на волнени и козинави валани покривачи и постилачи за спиење. Во градските куќи се користеле и чаршафи, прекривки за кревет, пердиња и крпи. Големиот број на перници, торби, крпи и пелени имале примена во секојдневниот и обредниот живот на луѓето во селото и градот.

Ткаенините во збирката се изработени од домашна преѓа од волна, козина, лен, коноп, памук и свила, исткаени речиси исклучиво на хоризонтален разбој. Основни техники на ткаење се литото и четворното, изведени со помош на совелка, прсти, штички, жица или врзување на рески.

Во збирката има од наједноставни ткаенини во природната боја на материјалот без орнаментика до полихромни ткаеници со извонредно богата орнаментика. Во орнаментиката доминираат геометриските мотиви или пак растителни, животински и човечки фигури изведени во геометриска стилизација.

Јасемин Назим, кустос советник, e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Фима Трајковска, кустос советник, e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

фотогалерија

 

Народно стопанство

Е-пошта Печати PDF

image032.jpgЗбирката Народно стопанство располага со 832 предмети групирани по функција во различни стопански гранки. Најбројни се етнолошките предмети од земјоделството и сточарството.

Земјоделството како фундаментална стопанска активност во Македонија е поделено на повеќе дејности и тоа: поледелство, фуражно земјоделство, градинарство, индустриско земјоделство, лозарство, овоштарство и шумско стопанство.

Поледелството е претставено со справи, алатки и прибор за подготвување на почва за засејување житни култури (рала, јареми, гужви, токмаци - пупалиња); справи и прибор за сеење житни култури (брани), алатки за жнеење (српови, паламидарки, колчиња - витли); за пренос на слама и сено (набодњи, врзми, дрвени коли со две и со четири тркала, сањи); за вршење и веење житни култури, чукање 'рж (куки, вили, гребла, метли, лопати - дрвени, дрмоњ, решета, фркачки - чукалки, дикањи); мерници за жито и садови за чување жито, житно семе, храна и слама (шиници, кутли, коруби, бучуци, кошеви, амбари); прибор за ронење пченкарни класови (кош , троначка, леса, боаљка).

Земјоделските алатки и прибор се самоделски изработки со исклучок на металните делови кои се изработени фабрички или во ковачки работилници.

Збирката Народно стопанство располага и со алатки за различна намена, предмети како личен прибор и макети на воденици (динга, коло со долап - чарк, даљани, мандри, бачила, чунови и др.).

Боре Неделковски, кустос советник

фотогалерија

image036.gifСТОЧАРСТВО

Од областа на сточарството Музејот на Македонија располага со 194 експонати кои се употребуваат како прибор и садови за одгледување на стадата и
за преработка на млекото.

Како прибор овчарите со себе носат јанџик или тагарџик на рамо, мало букаре за вода, ноже, дрвен прибор за јадење, дрвен стап крлуг за фаќање на овците и кавал, шупелка или дудук за свирење.

За одгледување на стадата и за преработка на млекото во млечни производи се користат разни видови ѕвонци, ножици-крклизи, дамки за бележење на овците со катран, разни видови дрвени ведра за молзење на млекото, каци сирници во кои се потсирува млекото и друг прибор.

Боре Неделковски, кустос советник

фотогалерија

 
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL
Банер

Настани

август 2010 септември 2010 октомври 2010
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30