Станете патрон, со што градите специјални односи со Музејот на Македонија кои овозможуваат низа придобивки и привилегии.
Патрони на Музејот на Македонија
Доколку како личност сте заинтересирани да ја поддржите нашата мисија во истражувањето, конзервирањето и презентирањето на културното богатство на Македонија, можете да станете патрон на Музејот на Македонија.
Музејот на Македонија го воведува овој облик на индивидуално партнерство во надеж дека во светот на бизнисот, финансиите, уметноста, медиумите ќе анимира поединци кои ја поддржуваат нашата мисија и сакаат лично да придонесат во нејзиното остварување преку реализација на проекти од областа на едукацијата, промоцијата, реконструкцијата и конзервацијата на нашите колекции за идните генерации.
Со задоволство Ве покануваме да ни помогнете да ја споделиме и обликуваме нашата визија за иднината.















