Експонатите со културно, историско и уметничко значење презентирани во музејските поставки со своите визуелни, тематски и концепциски елементи се добро приспособени кон воспитно-образовната работа на децата од предучилишната возраст, учениците од основните и средните училишта и на хендикепираните лица. Кон ова се приклучуваат многубројните активности од едукативен карактер.
Овие активности ги реализира Одделението за едукација (водичите - едукатори) преку осмислени, наменски проекти.
Активностите во овие проекти се засноваат на работа во групи во музејски работилници.
Предавањата и музејските експонати се теми и инспирација за изразување преку моделирање во глина, цртање во разни техники, ткаење, везење, бојадисување јајца, креирање на костуми, пишување есеи, изработување постери, драматизации и др.
Во секојдневните активности се раѓаат нови идеи и едукативната програма се надополнува со нови проекти.
Најнов проект на Одделението за едукација е Детскиот музејски клуб.

Симонида Миљковиќ, водич едукатор
Лена Анѓелкоска, водич едукатор, e-mail:
This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
Вангел Штериов ,водич едукатор
Сузана Марковска, водич едукатор
Љупчо Раповски, водич едукатор















