Доцноантичката збирка брои вкупно 516 предмети (керамички и стаклени садови, керамички и бронзени светилки, накит, декоративна пластика), кои го опфаќаат периодот од II до IV век. Во постојаната музејска поставка се изложени 184 предмети, карактеристични за втората значајна етапа на Римската империја, кои претставуваат одраз на новата доцноримска култура.
Групата доцноримски керамички садови припаѓаат на категоријата доцноримска тера сигилата, а датирани се во IV век.
Друга група се светилките, особено бронзените, датирани во V век со ранохристијанска симболика.
Посебно значајни се гробните наоди од доцноантичкиот гроб од Таранеш кај Дебар, датиран во IV век. Вонредно богатиот гробен инвентар го сочинуваат стаклената чаша „диатрета" од т.н. келнски тип, крстовидна фибула излиена од сурово злато со натпис во ниело техника, богато декорираната сребрена чинија, сребрена кана, две стаклени фиоли.
Мила Шурбаноска , кустос советник
фотогалерија















