Предримски период

E-mail Print PDF
There are no translations available.

slem_bez_postolje_g.gifЗбирката на предримски период содржи 397 експонати кои хронолошки, потекнуваат од V до крајот на II век пр.н.е. Тоа е време на значајни општествени промени во животот на популациите што ја населувале територијата на Република Македонија и поширокото централнобалканско подрачје, меѓу кои Пајонците, Македонците, Бригите, Дасаретите, Линкестите, Илирите, Дарданците и други.

Изложените предмети се сведоштва на нивната развиена материјална култура, како и на економските, трговски и културни релации, особено со јужните, хеленски градови и колонии. За активното влијание на хеленскиот свет врз развојот на овие, за нив, северни територии" сведочат бројните примери на разновидни ексклузивни предмети за домашна и лична употреба, донесени директно од центрите на античкиот свет Атина, Олинт, Пела, Амфиполис, Филипи.

Таков пример е групата керамички садови во стилот на црвено-фигуралното сликарство, пронајдени на локалитетите кај Демир Капија и Марвинци. Меѓу нив се издвојуваат повеќе форми што ќе го одбележат овој период: пелике, лекит, кантарос, скифос, а особено хидријата од Демир Капија, со претстава на Дионисовиот култ во стилот на големиот Медијас.

Ваквите и други форми стануваат се повеќе популарни во домашната (локална) продукција на садови. Поради задоволување на потребите на пазарот, при изработката на некои од нив, на пр. чашите за вино, започнува употреба на калапи.

Особено внимание привлекува накитот. Прекрасните дијадеми, обетки, ѓердани, белегзии, прстени, фибули, изработени во техника на филигран и гранулација, несомнено се продукт на големи мајстори на златарството. Во најголем случај овие предмети се пронајдени во античките некрополи во Република Македонија (Исар-Марвинци, Жданец, Демир Капија, Охрид и др).

Како посебна група предмети, поврзани со религијата и култовите, се издвојуваат теракотните фигурини со антропоморфни и зооморфни претстави, но и релјефните стели, од чии натписи и мотиви дознаваме многу за духовната култура на овие наши далечни предци.klasicen.gif

Оружјето е следна група експонати во поставката. Се издвојуваат повеќе мечеви, ножеви, врвови од копја и стрели од Исар-Марвинци, Жданец, Демир Капија и други локалитети. Меѓу нив посебено место има уникатниот шлем од „македонски" тип, пронајден во Исар-Марвинци кај Валандово.

Најкарактеристичниот сегмент на античката уметност е скулптурата. Се издвојува како посебна група експонати, повеќе камени и керамички портрети", но и целосни антропоморфни и зооморфни фигури. Највпечатлив репрезент на предримската склуптура се секако двата бронзени сатири, пронајдени на локалитетот Стоби, во близината на Велес.

Горан Санев, виш кустос
, e-mail: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

фотогалерија

 
Banner

Events

April 2012 May 2012 June 2012
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31