Железно време

E-mail Print PDF
There are no translations available.

zelezno_vreme.gifЕкспонатите од железно време (предмети од керамика, железо, бронза и килибар) се собрани од археолошките истражувања на железнодопските некрополи во Република Македонија. Нивната хронологија се следи од крајот на бронзеното време, од крајот на XIII и почетокот на XII век пр.н.е., па сè до раноантичкиот период (V век пр.н.е.).

Крајот на бронзеното време е определен со неколку поединечни микенски наоди, како што се бронзениот меч од Тетово или пак локалните копии на микенски садови од Демир Капија.

Бројните миграциони движења на разни популации кои го опфатиле просторот од Средна Европа до Египет носат нови, дотогаш непознати елементи во материјалната култура, определени како северни: бронзен меч, делчевско, лачна фибула од т.н. Либурнски тип од Будур Чифлик, материјалот од некрополата Хиподром, кој е вистинска алка меѓу бронзенодопските културни вредности и придобивките на железното време.

Развиеното железно време го опфаќа периодот на VIII и VII век пр.н.е., време на целосно стабилизирани и развиени локални културни вредности на три големи културни групи: Пајонската, Пелагонската и Охридската или Требенишката.

Овие вредности најдобро се изразени преку гробните прилози од Долно Повардарие: окер печени садови работени на грнчарско колце, лентесто боени со мат црвена боја, или садовите со мат сликана геометриска орнаментика од Западна Мmenada1_g.gifакедонија, потоа разните типови на фибули, белегзии, торквеси и токи.

Особено место им припаѓа на т.н. Македонски бронзи - бронзени приврзоци, амулети и висулци, кои претставуваат уметнички израз на единствени религиозни сфаќања на населението од овој дел на Балканот, датирани во VII-VI век пр.н.е.

Доцното железно време (VI-V век пр.н.е.) претставува последна фаза во развојот на железното време во Македонија, која е обележана со влијанија од хеленската, доцноархајска култура и импортирани предмети, главно од југ. Најпознатиот предмет во нашата збирка од овој период е Тетовската Менада, бронзен украс веројатно на голем бронзен сад, најавувајќи го античкиот период.

Страхил Темов, виш кустос, e-mail: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
Александра Папазовска Санев, кустос, e-mail: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

фотогалерија

 
Banner

Events

April 2012 May 2012 June 2012
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31