Придружете се сега

Придружете се сега

E-mail Print PDF
There are no translations available.

Индивидуално членство

Годишната членарина во клубот „Отворени музејски порти" ви овозможува неограничен број посети на Музејот во текот на годината, покани за сите изложби со доставување печатен материјал за нив, 20% попуст во музејската продавница.

Членарината изнесува 600.00 денари

Индивидуално членство плус еден

Овој вид зачленување во клубот „Отворени музејски порти" Ви овозможува посети на Музејот заедно со Ваша придружба (роднина, пријател, колега, гостин), плус покани за двајца за сите изложби и печатен информативен материјал за нив, попуст од 20 % во музејската продавница.

Членарината на годишно ниво изнесува 800.00 денари.

Музејски клуб на младите - МКМ

Музејски клуб на младите е наменет за студентите и младите од 18 до 26 години.

Членарината овозможува неограничен број посети на постојаните поставки на Музејот, покани за отворања на повремените изложби заедно со придружен печатен материјал, 20% попуст во музејската продавница, 20% попуст за учествување во едукативни програми и работилници за уметнички ракотворби и традиционални производи, користење на библиотеката на Музејот.

Годишната членарина изнесува 300.00 денари

clenska_kniska_copy.jpgДетски музејски клуб - ДМК

Во ДМК можат да се зачленат деца и ученици на возраст од 5 до 18 години.

Членувањето во ДМК овозможува посети на Музејот, користење на библиотеката на Музејот, покани за отворање на изложби, учество во едукативните програми со семејството во време на викендите.

Годишната претплата изнесува 200.00 денари.

 
Banner

Events

January 2012 February 2012 March 2012
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29