Станете патрон, со што градите специјални односи со Музејот на Македонија кои овозможуваат низа придобивки и привилегии.
Патрони на Музејот на Македонија
Доколку како личност сте заинтересирани да ја поддржите нашата мисија во истражувањето, конзервирањето и презентирањето на културното богатство на Македонија, можете да станете патрон на Музејот на Македонија.
Музејот на Македонија го воведува овој облик на индивидуално партнерство во надеж дека во светот на бизнисот, финансиите, уметноста, медиумите ќе анимира поединци кои ја поддржуваат нашата мисија и сакаат лично да придонесат во нејзиното остварување преку реализација на проекти од областа на едукацијата, промоцијата, реконструкцијата и конзервацијата на нашите колекции за идните генерации.
Со задоволство Ве покануваме да ни помогнете да ја споделиме и обликуваме нашата визија за иднината.
Придобивки за патронот
Со годишна донација од 1000 € Вие станувате патрон на Музејот на Македонија, а со тоа помагате разни програми низ кои Музејот станува достапен за сите.
Ова е извонредна можност да се здобиете со привилегијата да бидете вклучени и да имате подобар увид во динамиката на музејските истражувања, колекции, изложби и други настани.
Со Вашата донација се здобивате со овие привилегии:
- Редовно информирање и добивање каталози за сите изложби и други настани што ги организира Музејот во текот на годината
- Организирана посета на постојаните поставки за Вас и за Вашите деловни партнери еднаш во годината
- Покани за четири лица за сите настани (изложби, промоции, концерти и др.) во организација на Музејот во текот на годината
- Покана за Вас и Ваш придружник на годишниот прием во Музејот на Македонија што се организира на почетокот на годината
- Можност за средба со кустосите и поблиско запознавање со колекциите на Музејот, како и процесот на нивно создавање
- 25% попуст за Вас во музејската продавница















