Оставете Ваша легација на Музејот со која ќе дадете траен придонес за зачувувањето на културното наследство.
Оставете легација
Оставете ѝ траен подарок на Македонија.
Како непрофитна организација Музејот на Македонија се потпира на поддршката од повеќе извори за да ја исполни својата одговорна и благородна мисија.
Легацијата е начин да се оддаде признание за задоволството што Музејот ви го пружило Вам и на многу други посетители. Вашиот подарок докажува дека продолжуваме да ги поврзуваме луѓето од минатото со идните генерации.
Уметничките дела или Вашата колекција што со години грижливо сте ја оформувале, доколку така процените, можете да ја оставите во наследство на сите идни генерации оставајќи ја како легација на Музејот на Македонија.
Нашите кустоси ќе се погрижат таа да добие стручен и достоен третман и место во музејските поставки.
Има повеќе начини да му оставите на Музејот траен подарок:
- Финансиски подарок: станува збор за фиксна сума на парични средства која што самите ќе одлучите да ја подарите
- Оставински подарок: станува збор за подарување на дел или целосно Ваше недвижно наследство откако ќе бидат платени даноците и другите трошоци
- Специфичен подарок: станува збор за подарување на специфични предмети во лична споственост, како што се дел од имотот, антиквитети, акции.
Ќе ни претставува задоволство да продискутираме со Вас како Вашиот подарок ќе придонесе за збогатување на нашите колекции и остварување на идните планови.
Во Музејот на Македонија како легација се чуваат делата на извонредната македонска сликарка Кераца Висулчева.
Други начини за подарување
Финансирање од добротворни фондации е од витално значење за обезбедување на континуитетот, успехот и натамошниот развој на многу музејски проекти.
Од овие средства особено зависи квалитетот и обемот на изведување на нашите едукативни дејности, училишните програми, проекти за поширока популаризација на Музејот, како и конзерватоската и научно-истражувачката дејност.















