Станете дел од Музејот на Македонија, една од најпосетуваните културни институции во РМ, ризницата на македонското културно богатство, и уживајте ги придобивките од тоа.
Македонија под еден покрив
Здружете ја Вашата комапнија со една од најважните културни институции во Република Македонија - Музејот на Македонија.
Музејот на Македонија не е само ризница на археологијата, етнологијата, историјата и историјата на уметноста, туку и жива збирка на вредни артефакти и центар за едукација, истражување и откритија.
Музејот е Национална установа со голем број активности во земјава и во странство. Низ своите основни активности - истражување, конзервација и презентација на движното културно наследство, Музејот на Македонија е во контакт со огромен број луѓе од Македонија и од странство.
Програма на партнерство со компании
Никогаш не било повозбудливо да се биде партнер на Музејот на Македонија!
Како корпоративен партнер Вие ќе имате ексклузивен пристап до музејските поставки и до низа дополнителни настани што ги организираме.
Придобивките и привилегиите од партнерството со компании вклучуваат извонредна можност да креирате настани за паметење во единствениот амбиент на Музејот на Македонија.
Што добивате од партнерството со Музејот
Забави на компанијата
- Во единствениот амбиент на нашите изложбени простори Вашата компанија може да организира два настана годишно за свои потреби (прослави на годишнини, промоции, забави, коктели и сл.)
- 30% попуст за изнајмување на просторот во Куршумли ан и кино салата во Музејот
- Посета „зад сцената" на одделот за конзервација, депоата и работилницата за реплики
- Бесплатна годишна посета на сите постојани поставки на Музејот со водич за менаџментот на компанијата
- Бесплатна годишна посета на сите постојани поставки на Музејот со водич за Вашите странски/домашни гости/партнери
Привилегии за Вашите вработени
- Членска книшка која обезбедува слободен влез на повремените изложби за Вашите вработени и 50% попуст за посета на постојаните поставки
- Годишен семеен билет за Музејот со попуст од 50% за вработените
- 10% попуст во музејската продавница
Покани за специјални настани
- Секој член на менаџескиот тим и претседателот/директорот добиваат покана за двајца за ексклузивниот годишен прием на Музејот
- Секој член на менаџескиот тим и претседателот/директорот добиваат покана за двајца за сите поголеми изложби во Музејот
- Други членови на компанијата може да добијат покани за специјални настани по Ваша сугестија
Благодарност до компаниите-партнери
На нашите партнери им се заблагодаруваме на следниве начини:
- Со Ваше лого на веб порталот на Музејот
- Со Ваше лого на каталозите и другите печатени изданија
- Со Ваше лого на влезните билети
- Со Ваш банер на влезот во музејските поставки
Како да станете партнер на Музејот
Годишно спонзорство на Музејот на Македонија изнесува 6.000 € (плус ДДВ), додека за двегодишно спонзорство треба да уплатите 10.000 € (плус ДДВ).
Овој износ ги овозможува претходно наведените привилегии.
Партнери на Музејот на Македонија![]()


















