There are no translations available.
Roman"; mso-bidi-theme-font:minor-bidi;}
Во Музеј на Македонија на 2 март 2011 година во 12 часот ќе биде отворена изложбата насловена MUNICIPIVM STOBENSIVM – Римската монетарница во Стоби.
Со оваа изложба пред македонската јавност за прв пат ќе бидат презентирани оригинални монети од времето на единаесет римски императори. На изложбата ке бидат презентирани 176 монети исковани во периодот од 73 г.н.е., кога монетарницата започнала со своите активности, до 217 г.н.е., кога нејзината активност во потполност замрела. Се работи за бронзени монети за локална употреба.
Автор на концепцијата за изложбата и на текстот за каталогот е м-р Перо Јосифовски, нумизматичар.
Изложбата ќе ја отвори Академик Вера Митракова Грозданова.















