10.11.2008 - 10.02.2009
Отворање: 19:00
Крстот, како симбол на христијанството, од неговото прифаќање како единствен препознатлив симбол на верата, нè следи до денес. Со претставувањето на најразлични крстови од сите делови на Македонија дадена е панорама на експонати од применетата уметност и на уметнички занаети, со која ќе се прошири и продлабочи сознанието за нивната застапеност на македонскиот културен простор.
Изложените предмети станале сопственост на музеите по различни основи. Дел од нив се археолошки наоди, дел се добиени како подарок или со откуп, а дел како заштитување на црковниот инвентар. Во каталогот што ја следи изложбата се класифицирани разни типови крстови според територијални, типолошки, иконографски и стилски карактеристики.
Крстовите што се презентираат на оваа изложба досега биле позанти на тесен круг стручни лица. Некои од предметите за прв пат се обзнануваат во јавноста, а благодарение на меѓумузејската соработка, за прв пат се експонираат на едно место.
Автор на концепцијата на изложбата е Марија Мурџева, виш кустос во НУ Музеј на Македонија.
Голема благодарност до институциите
- НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј - Охрид,
- НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј - Прилеп,
- НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј - Струмица,
- НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј - Битола,
- Музеј на Град Скопје,
- НУ Национален конзерваторски центар, збирка Стоби - Скопје,
- НУ Музеј Куманово,
- Музеј Тетово,
- Институт за старословенска уметност - Прилеп,
- Филозофски факултет - Скопје,
- Фамилијата Јовчевски,
за отстапениот материјал, како и на колегите, за нивната стручна соработка.















