Традиционални садови од дрво

E-mail Print PDF
There are no translations available.

pokana-sadovi.jpg14.04. - 14.09.2009

Отворање: 19:30

Традиционалните садови од дрво претставуваат значаен сегмент од животот на традиционалниот човек. Досега биле изложувани во рамките на целокупната покуќнина, потоа при уредување на селски ентериери, при презентација на земјоделските активности и сл.Оваа изложба претставува прв обид овие садови да се прикажат самостојно.

Во презентацијата се застапени садови што имале широка употреба во секојдневниот живот, како и садови што се користеле при изведување на разни земјоделски активности.

Покрај заедничката функција, овие предмети се одликуваат со разновидност во големината, обликот, начинот на изработка и декорацијата. Ги има од наједноставни примероци, кај кои е искористена природнта форма на дрвото, до особено инспиративно обликувани и декорирани садови. Тоа се предмети кои пленуваат со својата форма, вистински скулптури во просторот, дело на непознат мајстор кому треба да му се позавиди.

Карактеристична е и нивната декорација, која поктрај естетиката носи и одредена симболика, како одраз на чувствата, размислувањата и сфаќањата на традиционалниот човек.

Поради фрагилноста на дрвото како материјал, изложените предмети датираат од почетокот на XX век. Застапени се околу 200 предмети од речиси сите предели на Република Македонија, при што може да се согледаат сличностите и разликите во терминологојата, типологијата, како и во ликовното изразување.

Автор на концепцијата за изложбата е Милка Крстевска, кустос-советник во Етнолошкиот оддел на Музејот на Македонија.

 

 

 
Banner

Events

April 2012 May 2012 June 2012
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31