На 11 март 2011 година во 19 часот во Музеј на Македонија ќе биде отворена изложбата ’1 + 1 Живот и љубов низ македонската историја’. Изложбата се реализира, покрај во Република Македонија, во координација со десет музеи од Балканот во рамките на ’Регионалната музејска соработка на Западен Балкан’, проект инициран и целосно финансиски поддржан од страна на невладината фондација Културно наследство без граници од Кралството Шведска.

Изложбата претставува резултат на повеќегодишна соработка , координација и размена на идеи помеѓу единаесет музејски институции од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора. Во тие рамки, беа организирани неколку работилници насловени ’Патувачки изложби/заеднички изложби’, а една од нив беше одржана и во Музејот на Македонија. Предвивено е секој од музеите да постави своја изложба на заедничката тема ’1 + 1 Живот и љубов’.
Изложбата што ќе биде поставена во Музеј на Македонија е насловена ’1 + 1 Живот и љубов низ македонската историја’ и змислена е како концепција која ќе се користи во едукативната програма за работа со ученици од основните и средните училишта. На изложбата ќе бидат поставени фотографии и копии од музејски предмети од доменот на археологијата, историјата, етнологијата и уметноста, кои на симболичен начин ја изразуваат темата. Раководител на проектот е Гордан Николов, виш кустос – етнолог во Музејот на Македонија.
Сите изложби ќе бидат отворени во исто време, при што ќе биде воспоставена видео конекција за да може чинот на отворањето да се проследи во сите институции.


















Крстот, како симбол на христијанството, од неговото прифаќање како единствен препознатлив симбол на верата, нè следи до денес. Со претставувањето на најразлични крстови од сите делови на Македонија дадена е панорама на експонати од применетата уметност и на уметнички занаети, со која ќе се прошири и продлабочи сознанието за нивната застапеност на македонскиот културен простор.